Шпанија беше преселна за Србија во пресметката во Кордоба, избраниците на Де Ла Фуента славеа со 3-0.
Резултатот беше отворен по 5 минути игра, Поро нафрли а Лапорт со глава го матираше Рајковиќ за 1-0.
Вивијан потоа ја погоди стативата а Мората имаше зицер за 2-0, но Рајковиќ со крајни напори ја сочува својата мрежа.
По десетина минути игра во второто полувреме, Мората не реализираше пенал, и по сите овие промашувања, Србија можеше да казни но Митровиќ не искористи добра шанса во 63. минута за 1-1.
120 секунди подоцна стигна казна но на спротивната страна, Мората убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.
Tочка на натпреварот стави Баена, кој мајсторски погоди од слободен удар за 3-0 во 77. минута.
Со оваа победа, Шпанија осигура едно од првите две места во групaта и пласман во четвртфиналето во Лигата на нации.
Данска се избори за 2-2 на гостувањето кај Швајцарија, и има најголеми шанси за место во разигрувањето покрај „црвената фурија“.
Во Групата 1 во Лига А, Полска и Хрватска одиграа возбудлив натпревар кој заврши 3-3, додека пак Шкотска и Португалија приредија досадно реми без погодоци.