сабота, 27 јули 2024

Бадник пред Соборниот храм во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Бадник, како и секоја година во главниот град, утрово ќе ги собере граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски”, каде што на годинашните кумови, претседателот и основач на Одборот за прославата Борче Петрушевски и координаторот Александар Пановски, ќе им биде врачен бадникарскиот ќуп. Манифестацијата ќе почне со подигање на бадникарското знаме. Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, точно напладне со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и ќе им го предаде ќупот на новите кумови-бадникари. Здравицата годинава ќе ја каже новинарот Драган Антоновски, а на граѓаните ќе им се обрати минатогодишниот кум-бадникар Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид”, кој со своето семејство и со преодниот ќуп ќе пристигне со пајтон.

Свештениците од соборниот храм „Свети Климент Охридски” потоа ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, кои годинашните кумови и здравичарот ги набраа од падините на Водно. Гранчињата бесплатно ќе им се делат на присутните.

Манифестацијата ќе заврши со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, за која се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум-бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ