ПСЖ го надигра Ливерпул, но не знаеше да го победи. Францускиот тим создаде многу шанси, но црвените го имаа фантастичниот Алисон на голот.
Французите се израдуваа на гол во 20. минута кога Кварацхелија погоди, но голот му беше поништен поради офсајд.
Клучниот момент се случи во 87. минута кога Харви Елиот даде гол по една контра за победа на Ливерпул од 1-0.
Во германското дерби Баерн Минхен со 3-0 го победи Баер Леверкузен и направи голем чекор кон четвртфиналето.
Хари Кејн уште во деветата минута донесе водство за Баварците. Со предност од 1-0 се замина на одморот.
По девет минути игра во вториот дел Мусиала заголеми на 2-0.
Во 62. минута Мукиеле заработи втор жолт картон, Леверкузен остана со фудбалер помалку.
Тоа го искористи Баерн Минхен и во 75. минута Кејн даде уште еден гол, овојпат од пенал за конечни 3-0.
Барселона со играч помалку ја совлада Бенфика во Лисабон со 1-0.
Кубарси уште во 22. минута доби директен црвен картон, па Барселона повеќе од 70 минути играше со фудбалер помалку.
Но и покрај тоа го добија дуелот. Стрелец на единствениот погодок беше Рафиња во 61. минута.