сабота, 27 јули 2024

Бабовски: Во иднина Денот на Власите да го славиме под европското знаме

Утре го одбележуваме Националниот ден на Власите, под исто знаме со сонцето кое не грее сите подеднакво, а кое ги обединува сите Власи, па затоапосакувам во иднина нашиот ден да го прославивме со радост под европското знаме“, напиша Никола Бабовски, претседател на Демократски сојуз на Власите од Македонија во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонија е пример на Балканот и во Европа за тоа како треба да се негуваат различностите. Власите се најголем пример за соживот, имаат дадено значаен придонес во историјата, културата и во општествениот живот, како и во изградбата на нашата заедничка татковина. Ова треба да биде најголем аргумент за тоа, зошто Македонија треба да биде дел од европското ѕвездено небо, кое што го посакуваме сите. Нека ни е за многу години празникот, секогаш да го славиме во мир и разбирање, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите“, напиша Бабовски во честитката.

Утрешниот ден е неработен ден за Власите во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ