Главниот фокус во периодот на претседателството на Асоцијацијата на балкански комори под водство на Азески следната година ќе биде инфраструктурата и поврзаноста помеѓу балканските земји, но и соработката на тој план со меѓународните финансиски организации.
АБК е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година одбележува 30 години од своето постоење. Целта на Асоцијацијата е создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот.
Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Македонија, се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно – трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на Комори и стокови берзи на Турција.