петок, 26 јули 2024

Азербејџан ја уништи зградата на ерменскиот парламент на Нагорно-Карабах (ВИДЕО)

Државната телевизија на Азербејџан објави снимка на која се гледаат булдожери како ја уништуваат зградата во која некогаш се наоѓал отцепениот етнички ерменски парламент на Нагорно-Карабах, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уривањето пренесувано на телевизија, како со огромни метални канџи се уништува зградата, демонстративно го нагласува повторното воспоставување на азербејџанската контрола откако нивните сили го вратија Карабах минатата година кога побегнаа повеќе од 100.000 етнички Ерменци.

Државните медиуми на Азербејџан објавија дека зградата на парламентот, заедно со соседната зграда во која било сместено Здружението на ерменските воени ветерани, е урната затоа што била незаконски изградена.

Ерменија го обвини Азербејџан за етничко чистење – обвинение што Баку го отфрла, инсистирајќи на тоа дека Ерменците од енклавата се добредојдени да останат на територијата.

Ерменците од Карабах велат дека масовно заминуваат бидејќи не се чувствуваат безбедно во Азербејџан. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев одржа воена парада во ноември на централниот плоштад во главниот град во близина на зградата на парламентот и беше снимен како гази на сепаратистичкото знаме на ерменскиот Карабах.

Ерменците го обвинија Азербејџан за уништување на нивното културно наследство во областите под контрола на Баку, што Азербејџан го негира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ