вторник, 7 јануари 2025

Азербејџан: Ерменските војници синоќа пукаа во нашите сили

Азербејџан објави дека ерменските сили во текот на ноќта пукале врз нејзините воени позиции во западниот регион Лачин, пренесува Анадолу.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили ги нападнале азербејџанските сили во близина на селата Забух и Јагазур.

„Ве известуваме дека единиците на вооружените сили на Ерменија изминативе денови неколкупати пукаа врз нашите позиции и сите овие случаи се евидентирани“, се истакнува во соопштението.

Ерменското Министерство за одбрана подоцна ја демантираше изјавата на Баку, тврдејќи дека „не соодветствува со реалноста“. Ова е прв инцидент од ваков вид што го пријави Баку од септември минатата година.

Односите меѓу Баку и Ереван се затегнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Азербејџан го ослободи најголемиот дел од територијата за време на војната есента 2020 година, која заврши по мировниот договор постигнат со посредство на Русија. Азербејџан воспостави целосен суверенитет над Карабах по операцијата во септември 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ