сабота, 19 октомври 2024

Азар ѝ стави крај на фудбалската кариера на 32 години

Белгиската фудбалска ѕвезда, Еден Азар објави крај на кариерата преку соопштение на социјалните мрежи.
 

Објавено на

часот

Сподели

Иако има само 32 години, Еден Азар реши да стави крај на фудбалската кариера.

„Мора да се слушате себеси и да кажете стоп во вистинското време. По 16 години и повеќе од 700 одиграни меча, одлучив да ставам крај на мојата кариера како професионален фудбалер.

Си го остварив сонот, играв и се забавував на многу терени во светот.

За време на мојата кариера имав среќа да запознаам одлични менаџери, тренери и соиграчи, им благодарам на сите за прекрасното поминато време, ќе ми недостасувате.

Исто така сакам да им се заблагодарам на клубовите каде играв, на Лил, Челси и Реал Мадрид, благодарност и за белгиската репрезентација. Посебно благодарам за мојата фамилија, пријателите, советниците и луѓето кои беа блиски со мене во добрите и лоши времиња.

Конечно, едно големо благодарам за вас, моите фанови, кои ме следевте сите овие години и ме бодревте секаде каде и да играв.
Сега е време да уживам со моите сакани и да искусам нови работи.

Се гледаме надвор од теренот мои пријатели“, напиша Азар на социјалните мрежи.

Азар своите најдобри денови од кариерата ги имаше во Челси каде помина седум години, како голема ѕвезда направи трансфер во Реал Мадрид во 2019 година, но таму никогаш не успеа да блесне во сиот свој сјај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ