сабота, 27 јули 2024
Сакал да ужива во животот

Азар вели дека е поголем талент од Роналдо но не и професионалец: Диета е глупост… сакам да јадам, да се напијам пиво

Еден Азар вели дека е поголем талент од Кристијано Роналдо, но никогаш не сакал да биде голем професионалец и да игра до 40 години, па затоа ја немал кариерата на Португалецот.

Објавено на

часот

Сподели

Еден Азар важеше за еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата и светот, но по преселбата во Реал Мадрид, неговата кариера отиде во надолна линија, за минатото лето, на 33 години, тој да отиде во фудбалска пензија.

Фудбалерот од Белгија сега седна на разговор со „Франс Фудбал“ и говореше на многу теми. Вели дека е поголем талент од Кристијано Ронадо, но поради тоа што никогаш не сакал да биде голем професионалец, ја немал кариерта на Португалецот.

„Кариера како Роналдо? Тоа не е за мене. По напорен тренинг, да седам еден час во ладна бања, нема шанси. Јас одам дома со другарите да играме карти, да се напиеме пиво. Си играм со децата два часа во дворот. Ете така јас се опоравував по напорен тренинг. Доколку бев како Кристијано, кој е пример за добар фудбалер, иако има и други, сигурно ќе „прегорев““ – вели Ееден Азар.

Неговиот поранешен соиграч од Челси, Оби Микел еднаш рече дека не видел помрзелив фудбалер од Еден Азар.

„Веројатно е во право, бев мрзелив“ – вели фудбалерот од Белгија со насмевка на лицето.

„Се појавува на тренинг секој ден, но на натпреварите добивав толку многу удари што не можев да издржам цела недела да работам со полна брзина“.

Еден Азар често трпеше критики дека има вишок килограми, особено во Реал Мадрид.

„Не може да се каже дека сум се убивал од јадење или дека не сум внимавал. Не е дека секој ден јадев во Мекдоналдс. Да не заборавиме, 16 години играв фудбал. Но не придодавав значење на исхраната. Сакам да јадам, да излезам со другарите, да се напијам нешто. Според мене, диета е глупост, залудно е да се држи. Да, потребна ви е диета ако сакате да играте до 40 години. Ја знаeв дека нема шанси да играм до 40 години“.

Тој потоа се спореди со останатите големи фудбалски имиња.

„Мислам дека Меси е еден и единствен. Обожавав да го гледам кога играше во Барселона, помалку во последните неколку години, но тој е најдобар во историјата. Невозможно е да му ја земете топката“.

„Кристијано Роналдо е поголем фудбалер од мене, но ако збориме за чист талент, искрано мислам дека јас сум подобар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ