петок, 26 јули 2024

Автомобилот на прилепската обвинителка Илиеска запален, полицијата го бара сторителот

Јавното обвинителство денеска информираше дека вчера во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот бил ивршен увид на лице место. Обезбедени се траги и докази, а се преземаат дејствија за откривање на сторителот на кривичното дело.

Објавено на

часот

Сподели

„Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета. Јавното обвинителство и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководителката на Основно јавно обвинителство со проширена надлежност“, соопштија од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ