Како синоним за луксузни автомобили наменети првенствено за високите владини функционери, марката неколку пати се обиде да се врати по распадот на Советскиот Сојуз, но секој пат мораше да се повлече. Марката беше згасната во 2010 година.
Сега, речиси две години по најавата и првите премиери на концептни возила, доаѓа потврдата за враќањето на Волга на автомобилската сцена. Како што е добро познато, за сè е заслужен кинески Чанган, кој е одговорен и за производството на позвучни модели како што е Мазда 6.

Волга, која денес работи под капата на кинескиот производител Чанган, претстави три различни возила во мај 2024 година, означени како К30, Икс5 плус и К40. Станува збор за два кросовери и еден седан, и сите тие се базираат на постоечки модели на Чанган што се продаваат во Кина. Планот беше возилата да се произведуваат во Кина, а потоа да се испорачуваат во Русија за конечно склопување, а продажбата да започне кон крајот на 2024 година.
Од засега непознати причини тој план не се реализираше во тоа време. Но, сега се чини дека Волга, во кинеска сопственост, е подготвена повторно да се обиде. Беше лансирана нова веб-страница на руски јазик, а беа објавени и две скици кои го најавуваат првиот модел.

Возилото прикажано во скиците наликува на еден од кросоверите презентирани во 2024 година, но со одредени визуелни промени. Скицата на страничниот профил најавува класична силуета на кросовер, со голема предна маска, нагласени квадратни рабови на браниците и заден дел чии светла делумно личат на дизајнерскиот потпис на моделот ауди кју8.
Според достапните информации, по тој модел треба да следат уште две нови возила.

Објавена е и посебна скица на ентериерот, кој открива волан со рамно дно, дигитална инструмент табла и голем централен екран. Целата кабина изгледа многу конвенционална, што во овој случај веројатно е намерна порака за враќање на добро познатото и препознатливо име во нов индустриски контекст.






