четврток, 18 декември 2025

Украинци упропастија еден од култните автомобили на БМВ (ФОТО+ВИДЕО)

За многумина серијата 7 од генерацијата E38 на БМВ е најскладно дизајнираната бизнис лимузина на своето време. Сега еден примерок е неповратно упропастен во обид да се направи опасно воено возило.

Објавено на

часот

Сподели

Напишани се многу пофалби за серијата 7 E38 на БМВ. Тоа е еден од автомобилите кој го означи крајот на минатиот милениум, но е сè уште заслужува восхит и ден денес. Спортската елеганција во најдобро издание е поткрепена од одличната механика предводена од супериорни мотори.

Меѓутоа, сега лимузината на БМВ доби нова намена, а автомобилот може да се опише како неуспешна креација од филмовите Лудиот Макс. Но, со една важна разлика, а тоа е што овој примерок на БМВ е опремен со големокалибарско оружје. Украинци на лимузината на БМВ монтирале повеќецевен ракетен фрлач.

Смртоносната опрема е поставена таму каде што нормално е капакот на багажникот, со дополнителни потпори и засилувања. Остатокот од возилото не е значително променет. Епилогот е разочарувачки, автомобил кој испукува ракети, нешто во стилот на исламските терористи, само што во овој случај не станува збор за јапонски пикап. Оваа необична креација доаѓа од украински воени единици кои, поради недостиг од опрема, се принудени да прибегнат кон „плукни-залепи“ решенија. Возилото е дел од 114-та територијална одбранбена бригада на Украина.

На фотографиите и видеата кои кружат на социјалните медиуми се гледа необичното возило во акција, откако прв пат беше објавено кон крајот на 2023 година. Обоено во сиво-зелена камуфлажа, возилото треба да се вклопи во околината, а цевките за лансирање се поставени хоризонтално со покривот при движење помеѓу позициите за гаѓање.

Откако екипажот ќе избере место за работа, ногарките на стабилизаторот се извлекуваат од рамката на лансерот за да се стабилизира автомобилот, потоа цевките се креваат со помош на лост, а екипажот брзо се оддалечува пред да се испукаат ракетите.

Идејата за импровизирани лансери за ракети во Украина не е нова. Претходно, слични платформи вклучуваа поставување лансирни цевки на пикап возила и лесни теренски возила, обезбедувајќи ѝ на пешадијата индиректна огнена поддршка од краток дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ