понеделник, 8 декември 2025

Ситроен во Британија ќе финансира поправање на дупките на патиштата

Истражување спроведено од британски дилер на Ситроен покажа дека на еден од 20 тамошни патишта му е потребна итна поправка поради оштетувања од дупки. Возачите се соочуваат со долги периоди на чекање за поправки, а некои локални власти проценуваат заостанување до три години.

Објавено на

часот

Сподели

Ситроен обезбедил средства за Советот на Гејтсхед за пополнување на дупките на патиштата. Анкетата, спроведена меѓу сопствениците на возила на француската марка и сограѓани, покажало дека локалните власти низ Британија водат „загубена битка“ за одржување на патиштата во соодветна состојба.

Анализата на податоците открила повеќе од 13.000 км патишта означени со „црвена“ ознака, односно патишта кои бараат истрага за да се види дали се потребни итни поправки. Според најновиот извештај за одржување на локалните патишта (АЛАРМ), за решавање на сите заостанувања ќе бидат потребни приближно дванаесет години и 16,8 милијарди фунти.

Ситроен нагласува дека сите негови патнички возила, вклучувајќи го и новиот, целосно електричен е-Ц3 еркрос, доаѓаат со технологија на „напреден комфор“ која обезбедува удобност дури и на нерамни површини.

Грег Тејлор, директор на Ситроен УК, изјави: „Потребна е поголема поддршка за да се спречи понатамошно влошување на британските патишта. Ситроен е посветен на обезбедување безбедност и удобност за возачите, а нашиот напреден систем за амортизација, стандарден кај новиот електричен е-Ц3 еркрос, помага во ова дури и при лоши услови на патот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ