среда, 10 декември 2025

Што се случува кога ќе утнете брзина на 150 км/ч (ВИДЕО)

Зад воланот на БМВ М2 компетишн седнал невнимателен (или неискусен) возач, кој менувал брзини до четврта, а потоа – назад во трета.

Објавено на

часот

Сподели

Ова веројатно не би било проблем доколку брзината била прилагодена на менувањето на брзините, но тој сменил од четвртата во третата при 150 км/ч на германски автопат.

Моторот веднаш се огласил, што може да се слушне на снимката, а набрзо потоа на екранот се појавила ужасната порака за дефект на моторот, со предупредување да се вози умерено и да се посети сервисен центар.

Човекот кој го објавил видеото пишува дека на крајот целиот мотор морал да се замени (3,0-литарски шестцилиндерски мотор). Од БМВ го отфрлиле барањето за гаранција, бидејќи кажале дека дефектот е предизвикан од грешка на возачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ