четврток, 15 јануари 2026

Шкода најави модел од врвот на понудата со соодветно име (ФОТО)

Чешката марка откри дека нејзиниот електричен теренец со три реда седишта се вика пик (Peaq) и ќе почне да се продава во Европа пред крајот на годината.

Објавено на

часот

Сподели

Шкода конечно го откри името на долгоочекуваниот електричен седмосед, кратко е, но носи многу симболика. Новиот модел ќе се вика пик, за да ја нагласи својата позиција на врвот од гамата на Шкода, а ќе пристигне во летото 2026 година како најголем и најамбициозен електричен модел на компанијата досега.

Ако сее сеќавате на атрактивниот концепт вижн 7С од 2022 година, пик е токму тој автомобил, но доволно адаптиран за сериско производство и „наменет за семејства кои сакаат простор, удобност и нулта емисија, без да влегуваат во ценовниот опсег на премиум брендовите“.

На некој начин, пик е како електричен кодијак – само поелегантен, потивок и „подигитален“.

Вижн 7С беше првиот израз на во тоа време новиот дизајнерски јазик „модерн солид“ на Шкода, и иако компанијата сè уште не објави фотографии од пик, освен ознаката со името и неколку затемнети тизер фотографии, се очекува дизајнот да остане многу сличен на концептот.

Ова значи коцкеста и самоуверена форма, чиста предна маска наместо класичната решетка, вдлабнати рачки на вратите и препознатливи светла во форма на стилизирана буква T напред и назад.

Исто така, јасно е дека ова е навистина голем автомобил според европските стандарди, долг околу 5 метри, со три реда седишта.

Одоздола, пик ќе ја користи механичката платформа МЕБ на Фолксваген групата, истата која ја имаат модели како што се помалиот шкода енјак, како и фолксваген ИД. баз и ИД.7.

Оригиналниот концепт имаше батерија со капацитет од 89 киловат часови и ветуваше повеќе од 600 километри опсег според ВЛТП циклусот, а нешто слично се очекува и за сериската верзија.

Веројатни се варијанти со погон на задните тркала и двоен електричен погон на сите четири тркала, а помоќната опција нуди околу 340 коњски сили (250 киловати).

Шкода признава дека пик ќе биде нивниот најскап модел досега, позициониран над енјак, но сепак ќе биде претставен како поразумна одлука во споредба со конкурентите како што се киа ЕВ9, волво и-икс90 и хјундаи ајоник 9.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ