сабота, 13 декември 2025

Шкода моторспорт ја прослави 120-тата годишнина со реставрирање на едно од своите купеа (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Моторот на овој тркач својот живот го почнал во моделот шкода 440 спартак, но четирицилиндерскиот мотор со 1.100 кубни сантиметри зафатнина давал двојно повеќе моќ, до 91 коњска сила, во споредба со 39-те на „цивилната“ верзија. Тоа било доволно за автомобилот тежок 555 килограми да постигне максимална брзина од 200 км/ч.

По две години натпреварување, правилата во категоријата од 1.100 кубици се смениле и Шкода ги продала возилата на приватни купувачи, па двете со време биле уништени во судири. Повеќето делови сепак се вратиле во Шкода низ години и во 2015 година компанијата успеа да обнови шасија која е поставена во музејот.

Оваа година решиле да ја завршат реставрацијата и да направат алуминиумска шасија како замена за онаа изгубена низ годините. Па сега тазе обновеното купе ќе биде поставено заедно со верзијата без покрив во колекцијата на Шкода музејот.

[video:https://youtu.be/9XWm6sBrpFU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ