четврток, 22 јануари 2026

Шкода годинава слави неколку важни јубилеи

Откако во 2025 прослави 130 години постоење, Шкода ауто во 2026 година влегува во период на важни јубилеи кои го одразуваат развојот на марката – од мотоспортот и клучните стратегиски одлуки до најпознатите модели.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу најзначајните јубилеи се 125 години Шкода моторспорт, 35 години соработка со Фолксваген групата и 30 години од моделот октавија.

Шкода моторспорт слави 125 години постоење, почнувајќи со историскиот настап на Нарцис Подседничек на трката Париз-Берлин во 1901 година, па сè до современите успеси на рели автомобилот фабија РС рели2.

 

Мотоспортот е важен дел од идентитетот на брендот со децении и еден од столбовите на неговиот имиџ.

Поминаа цели 35 години откако Шкода се приклучи на Фолксваген групата, што се покажа како пресвртница во развојот на компанијата.

Од регионален производител Шкода прерасна во глобален играч со модерни производствени капацитети и најшироко портфолио во својата историја – од класични мотори со внатрешно согорување, преку хибриди, до целосно електрични модели.

Посебна годишнина одбележува и шкода октавија, која го слави својот 30-ти роденден, кога станува збор за модерната верзија на овој модел.

Од 1996 година до денес, низ четири генерации, октавија стана најпродаваниот модел на чешката марка, препознатлив по својата просторност, практичност и односот цена-квалитет.

Покрај тоа, 2026 година носи и голем број други важни јубилеи, вклучувајќи 90 години од моделот фаворит, 80 години од легендарниот модел 1101 Тудор, 50 години од моделот шкода 120, како и половина век од рели дебито на познатиот модел 130 РС, една од најголемите икони во историјата на чешкиот производител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ