сабота, 13 декември 2025

Шкода го најави енјак купе ив со цртеж (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Верзијата која треба да личи на купе на енјак ив е повеќе од само играње со линијата на покривот, бидејќи новиот облик на каросеријата би требало да ќари од подобрената аеродинамика. Шкода тврди дека ова значи подобар радиус од тој на обичниот кросовер, кој нуди до 510 километри во верзијата со најголем радиус. Купето, со подобрената аеродинамика, би требало да има радиус со едно полнење од 534 километри.

Освен задниот дел, енјак купе ив ќе има многу заеднички делови со обичниот кросовер. Како што се гледа на цртежот, промените почнуваат од средниот столб наназад. На скицата автомобилот има странични спојлери и големи тркала, за кои Шкода вели дека на моделот му даваат „моќен изглед“.

Енјак купе ив ќе вози на ем-и-би платформата на Фолксваген, како фолксваген ИД.5 и ауди кју4 е-трон спортбек. Купе-кросоверот е најавуван како врвот во понудата на марката, што значи дека енјак ив купе најверојатно нема да има основни варијанти како обичниот кросовер. Ќе има две големини на батериите и три нивоа на моќност со погон на задните или на сите тркала. Дури може да има и спортска РС верзија во иднина.

Јавното претставување на шкода енјак купе ив ќе се одржи дигитално, на светската премиера во Прага на 31 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ