вторник, 9 декември 2025

Шкода докажува дека карваните не се мртви со концептот вижн О (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По бавниот старт Шкода целосно го прифати каросерискиот стил на кросоверите, но најновиот вижн О концепт на чешката компанија докажува дека сè уште верува во традиционалниот карван. Овој концепт ја најавува сериската октавија најавена за 2028 година.

Објавено на

часот

Сподели

Концептот е замислен како практично, електрифицирано возило на иднината, со фокус на одржливоста и дигитализација. Производната верзија би требало да биде многу слична на концептот.

Внатрешноста на вижн О е развиена со акцент на едноставноста и функционалноста – новиот распоред на кабината вклучува екран „хорајзон“ долг 1,2 метри, видлив и за возачот и за совозачот, додека централниот вертикален дисплеј ги надополнува контролите.

Кабината има минималистички изглед, но и повеќе од 650 литри простор за багаж, или повеќе од 1.700 литри кога седиштата се склопени.

Вижн О претставува асистент базиран на вештачка интелигенција по име Лаура, кој може да помогне со навигацијата, да дава информации за околината или да запишува задачи. Исто така, постои „биоадаптивно осветлување“ кое ја прилагодува околината на циклусите на природна светлина.

Меѓу практичните додатоци се преносен звучник, интегриран фрижидер и простори за чадори и кабли за полнење.

Надворешноста на возилото ја следи филозофијата на „робустен минимализам“, наведуваат од Шкода. Предната маска, наречена „тек-луп“, комбинира осветлување и аеродинамични елементи, додека рачките на вратите се вдлабнати, а тркалата се обликувани за да го намалат отпорот.

Автомобилот е долг 4.850 милиметри, широк 1.900 милиметри и висок 1.500 милиметри, што го сместува во сегментот на пространи семејни каравани.

Концептот на осветлување привлекува посебно внимание. Предните „саибер“ светла се поврзани со логото и маската, додека задниот кластер светла во облик на Т дава препознатлив визуелен потпис.

Анимирана сигнализација се користи и при префрлување на автономен режим на возење, со цел да им стане јасно на другите учесници во сообраќајот дека автомобилот вози сам.

Вижн О вклучува и напредни опции за автономно возење. Возилото може да ги преземе сите задачи за управување во одредени услови, додека за посложени ситуации е обезбеден премин на рачна контрола.

Исто така, постои и режим „транкил“, кој ги поместува седиштата назад, го затемнува осветлувањето и нуди персонализиран мултимедијален амбиент за релаксација додека возите.

Со овој концепт, Шкода црпи од својата богата историја во сегментот на карвани – моделите октавија комби и суперб комби се продадоа во повеќе од 3,6 милиони примероци од 1998 година, па затоа се очекува успех и на концептот вижн О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ