петок, 30 мај 2025

Шефот на дизајн на Мерцедес смета дека поради вештачката интелигенција дизајнерите ќе станат излишни

Шефот на дизајн на Мерцедес-бенц сугерираше дека вештачката интелигенција ќе ги направи дизајнерите на автомобили излишни за 10 години. Гордон Вегенер ова го кажа неодамна на настан на Мерцедес во Мајами, што не е убава вест за оние кои сакаат да работата во индустријата која минува низ голема трансформација предводена од електрификацијата и новите технологии.

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на постоењето на автомобилите, дизајнерите имаат инструментална улога во разликувањето на едно возило од друго и се заслужни за индивидуалниот идентитет на автомобилите. Со префрлањето на автомобилите на електричен погон тие ги губат своите разлики, и поради тоа дизајнерите би требало да бидат поважни од кога било. Меѓутоа, според Вегенер, нивната работа ќе ја преземе машина.

„Сега работиме со АИ (вештачка интелигенција). Со Аи добиваме 99 отсто ѓубре и чист квантитет. Тоа е најголемиот проблем – раздвојувањето на добрите работи од лошите. Но добиваме 1 отсто квалитет и продолжуваме да учиме. Станува подобро секој ден. АИ драматично ќе го смени начинот на кој дизајнираме. Мислам дека за 10 години дизајнот главно ќе го прави АИ и дизајнерите ќе станат излишни. Мојот наследник ќе биде машина и ќе биде многу поевтин од мене“, Кажа Вегенер.

Во истото интервју Вегенер кажа дека Мерцедес ќе продолжи да произведува автомобили со физички контроли во догледна иднина, истакнувајќи дека целосно автономните возила остануваат исклучително скапи и како „научна фантастика“.

На прашањето дали Мерцедес ќе направи автомобил без волан или менувач, Вегенер кажа: „Најверојатно во одреден момент, но не во блиска иднина. Секогаш ќе имаме волан, барем во догледна иднина. Со зголемувањето на автономијата, автомобилите ќе станат простор за одмарање. Автомобилот на иднината не е паметен телефон на тркала, туку ќе биде „паметен дом“ на тркала“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ