„Производството на 100.000-тиот рено 5 е-тек во Дуе е доказ за посветеноста на нашите тимови и довербата на нашите клиенти“, кажа Пјер Емануел Андрие, директор на фабриката во Дуе.

Ампере Електрисити произведува дури шест електрични модели на една производствена линија, додека две третини од добавувачите работат во радиус од 300 километри. Моделот го доби и сертификатот „Гаранција за француски оригинал“.

Рено 5 е-тек со месеци го држи првото место во Б сегментот на електрични возила во Европа, а неодамна го почна своето патување надвор од Европа, правејќи го своето деби во Турција, Израел и Мароко.

Од јануари 2026 година рено 6 е-тек ќе ја добие функцијата „една педала“ што овозможува запирање на возилото без користење на сопирачката, систем за предупредување за замор на возачот и нови опции за прилагодување.






