четврток, 2 април 2026

Рачните менувачи изумираат

Рачните менувачи сè повеќе исчезнуваат од понудата на нови автомобили, а моделите со класичен менувач денес се резервирани за поевтини опции.

Објавено на

часот

Сподели

Трендот е изразен низ цела Европа. Иако возачите во Европа со децении претпочитаа три педали, најновите податоци покажуваат дека ситуацијата брзо се менува. Според анализата на платформата Каргурус, во Британија ќе останат само 67 модели со рачен менувач во 2026 година, во споредба со 82 минатата година. Денес ваквите автомобили сочинуваат помалку од една четвртина од вкупната понуда на нови возила.

Во исто време, автоматските менувачи стануваат доминантни. Од речиси 300 анализирани модели, дури 225 доаѓаат исклучиво со автоматски менувач.

Причините за тоа се видливи. Растечкиот удел на теренци, хибриди и електрични автомобили, кои по правило доаѓаат без рачен менувач, значително влијае на понудата. Електричните автомобили воопшто немаат класични менувачи, додека хибридите речиси секогаш доаѓаат со автоматски.

Во исто време, модерните автоматски менувачи се поефикасни, помазни и поедноставни за секојдневно возење, особено во градските сообраќајни метежи, што е вообичаено во големите градови.

Некои производители веќе целосно ги напуштија рачните менувачи. Мини и Хонда повеќе не ги нудат на пазарот во Британија, придружувајќи се на модели како Мерцедес, Волво и Тесла.

Причината лежи и во регулативите. Автоматските менувачи полесно постигнуваат поповолни резултати во тестовите за потрошувачка и емисии, што им олеснува на производителите да ги исполнат сè построгите стандарди.

И покрај падот, рачните менувачи не исчезнаа целосно. Модели како мазда емикс-5 и порше 911 ГТ3 сè уште нудат класично искуство при возење, а рачните менувачи сè уште може да се најдат во некои помали модели и попристапни сегменти.

„Во последните десет години, бројот на нови автомобили со рачен менувач е повеќе од преполовен“, вели Крис Напман од Каргурус. „Но, за возачите кои го ценат чувството на контрола и вклученост кои ги нуди класичниот менувач, пазарот на половни автомобили сè уште нуди широк избор“.

Трендот на намалување на уделот на рачните менувачи продолжува, а како што електричните автомобили сè повеќе влегуваат во понудата, нивната достапност кај новите возила ќе биде сè помала.

Достапни се нови модели со рачен менувач:

Ауди A1, A3, Q2

Ситроен C3, C3 еркрос, берлинго

Купра форментор, леон

Дачија сандеро, дастер, џогер, бигстер

Фиат пандина

Форд пума, куга, турнео, мустанг, ренџер

Хјундаи и10, и20, бајон, и30, тусон

Џип авенџер

Киа пиканто, сид, ексид, стоник, спортаж

Мазда 3. емикс-5, цеикс-30

Нисан кашкаи

Опел корса, комбо, мока

Пежо 208, 2008

порше 911

Рено клио, каптур

Сеат ибица, арона, леон, атека

Сузуки свифт, витара, С-крос

Шкода фабија, октавија, скала, карок, камик

Тојота корола (седан)

Фолксваген поло, голф. тајго, Т-крос

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ