сабота, 13 декември 2025

Пристигнува алфа ромео тонале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По неколку одложувања Алфа ромео конечно го објави датумот на премиерата на новиот модел. Претставувањето е закажано за 8 февруати. Во исчекување на големиот ден за италијанската марка, но и за целата италијанска автомобилска индустрија, Алфа објави тизер видео.

Кратко е, не открива многу, но дава увид во предниот крај на возилото, како и поглед на внатрешноста. Ако го следиме концептот од 2019 година, во дизајнот не би требало да има изненадувања, а тоа го потврдува снимката. Позициониран под моделот стелвио, тонале ќе биде понуден со многу поубедлива палета мотори.

Според актуелните информации, треба да има плагин хибрид со 1,3-литарски турбобензинец од 240 коњски сили, како и две верзии на послабиот четирицилиндерски мотор, со 130 и 160 коњски сили (благ хибрид).

Не е исклучена и верзија со дизел мотор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ