вторник, 9 декември 2025

Пристигна новото рено клио (ФОТО+ВИДЕО)

Иако електричниот рено 5 можеби е најинтересниот „француски автомобил во моментов, најпродаваниот хечбек на Рено во Европа е сè уште клио, сега освежен за новата ера.

Објавено на

часот

Сподели

Рено клио од шестата генерација дебитираше на Саемот за автомобили во Минхен, прикажувајќи радикално различен распоред на панелите на добро познатата платформа ЦМФ-Б.

Иако името клио постои веќе 35 години, дизајнот на новиот модел е современ, а Рено тврди дека е инспириран од прекрасниот концепт амблем.

Вкупната должина е зголемена за 67 милиметри – сега е 4.116 милиметри. Сепак, меѓуоскиното растојание е подолго за само 8 милиметри, па затоа новото клио е малку повисоко и пошироко од претходната генерација.

Со модернизираната „петка“, новото клио дели слична дигитална инструмент табла и екран за инфозабавниот систем во повисоки пакети на опрема.

Старото клио имаше одвоен екран чувствителен на допир, а основните верзии на новиот модел се чини дека се држат до нешто слично, иако Рено не објави слики од ентериерот на основниот пакет опрема.

Двете верзии на инфозабавниот систем доаѓаат со навигација на Гугл мапс, гласовна контрола на Гугл асистант и пристап до Гугл плеј стор, како и безжично поврзување со Андроид ауто и Епл кар плеј.

Ако се одлучите за повисоко ниво на опрема на рено клио, како што е спортскиот еспри алпин, ќе добиете и безжична подлога за полнење телефон, како и тапацир од алкантара.

Вкупно има до 29 напредни системи за помош на возачот, па затоа е олеснување да се чуе дека копчето „сејфти свич“ лево од воланот може да деактивира до пет од нив одеднаш.

Под каросеријата со пет врати, Рено тука следи сличен пат како и неговиот претходник. Ова значи дека овој пат нема електрична опција, иако, според некои извештаи, се подготвува и електрично клио.

Засега, Рено нуди мешавина од мајлд и целосно хибридни бензински мотори. Дизел моторите ги нема, но спортската верзија алпин се очекува да пристигне за една година.

Ова се сите мотори што ќе се нудат на европскиот пазар:

Е-тек фул хубрид 158 КС со 1,8-литарски хибриден мотор – произведува само 89 грама јаглерод диоксид на километар и 80 отсто од градското возење се потпира исклучиво на електрична енергија. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час е 8,3 секунди, што е за секунда побрзо од старата верзија со 143 КС и 1,6 литри.

Тце 1,2-литарски трицилиндричен мотор со 113 КС, кој забрзува до 100 км/ч за 10,1 секунда. За разлика од целосно хибридниот, доаѓа со мануелен менувач, а на одредени европски пазари е достапен и со шестстепен менувач со двојна спојка.

Еко-Г 1,2-литарски трицилиндричен мотор со 118 КС кој може да работи на ЛПГ (пропан) и е опремен со менувач со двојна спојка.

Новото клио треба наскоро да се најде во продажба, а цената сè уште не е откриена, иако, врз основа на досегашните гласини, се очекува да биде некаде околу 25.000 евра за основниот модел. Секако, ова не мора да биде вистина и ќе мора да почекаме официјални информации за да видиме, бидејќи е можно да чини уште помалку за да биде конкурентен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ