вторник, 9 декември 2025

Порше Македонија прослави 20 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Порше Македонија го прослави 20-годишниот јубилеј на компанијата со своите партнери, клиенти, вработени и пријатели во „атмосфера која го славеше минатото, но и храбро гледаше кон иднината“, објави компанијата.

Фото:: Порше Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Денес не славиме само 20 години постоење – денес славиме 20 години заедништво,“ истакна генералниот директор Златко Муцунски во своето инспиративно обраќање. „Сите вие сте значаен дел од нашата приказна. Без вас, ’20‘ ќе беше само број. Со вас – тоа стана патување полно со предизвици, победи и незаборавни моменти. Ние не сме тука само да продаваме автомобили. Ние креираме искуства, отвораме патишта кон авантури и овозможуваме слобода да се сонува и освојува“.

Порше Македонија почна со работа во 2005 година како дел од Порше холдинг Салцбург, првично застапувајќи ги брендовите Фолксваген и Ауди за Македонија и Косово. Денес портфолиото брои седум светски познати марки меѓу кои се – Шкода (од 2007), Сеат (2014), Порше (2016) и Купра (2024) – и силна продажно-сервисна мрежа со повеќе од 100 вработени и над 50.000 продадени возила.

Вечерта на јубилејот се одржа повеќеслојна уметничка програма, настапи на врвни артисти и видео-проекции кои потсетија на клучните моменти од изминатите две децении. Настанот претставуваше „неконвенционално патување низ уметност, музика и автомобилска страст“, а гостите присуствуваа во вечерта исполнета со музика, изведувачки перформанси и пријателска енергија.

„20 години по основањето, Порше Македонија стои како синоним за квалитет, иновација и лидерство во автомобилската индустрија. Компанијата останува посветена на иднината на мобилноста – електрификација, автономни технологии и паметни решенија – но никогаш не заборава дека вистинската сила е во луѓето, партнерствата и вредностите што заедно се градат“, истакнува компанијата.

„По 20 години – сè уште постоиме, сè уште на врвот стоиме, и одлично изгледаме,“ заклучи Муцунски.

Со оваа прослава, Порше Македонија уште еднаш потврди дека нејзината приказна не е само за автомобили – туку за страст, визија и заедништво кое ќе продолжи да создава нови јубилеи и нови победи, порачува компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ