По три децении, во ноември минатата година, го остварил ветувањето, за сега да му се јават од салонот од кој го купил автомобилот за да го наградат за достигнувањето, а воедно да го искористат настанот како реклама.
О’Шеј добил клучеви од нов автомобил од марката Волво, моделот С60, но не во трајна сопственост, туку му е отстапен на користење на две години, со платено осигурување и одржување.
[video:https://youtu.be/b8Rp8ENvNbg autoplay:0]Клучевите од новиот автомобил му ги врачил шефот на салонот Стивен Линч, кој му го предал и волвото 740 дамнешната 1991 година.
Иако 1,6 милиони километри за обичните смртници изгледаат многу, тоа е далеку од рекордот кој го држи друго волво, и тоа моделот П1800 со поминати 5,23 милиони километри.
Интересно е што Џим О‘Шеј за 30 години не доживеал ниедна сообраќајна незгода со својот автомобил, а оригиналниот мотор од 1991 морал да биде заменет по поминати 585.000 милји (941.466 километри).






