вторник, 1 април 2025

„Паметни“ гуми би можеле автоматски да се прилагодуваат на условите за возење до 2035

Гумите на Нокијан можеби не се толку ценети како тие на Мишелин или Пирели, но финската компанија предвидува иднина каде автомобилските гуми би можеле автоматски да се прилагодуваат на условите за возење. Тие сметаат дека тоа е следната еволуција на автомобилските гуми и дека би можела да стане реалност до 2035 година.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објаснија од компанијата, веќе постојат гуми на пазарот со вградени сензори кои користат блутут конекција за да испраќаат податоци за температурата и притисокот. Иако заменик претседателот за иновации на Нокијан Тему Соини признава дека „паметните“ гуми не биле доволно „созреани“ пред пет години, тој вели дека денешната технологија е доволно издржлива и користи многу малку енергија што сензорите траат до крајот на животниот циклус на гумата.

Ова дало идеја за сосема нова област за развој а тоа е истражувањето дали гумите можат да се прилагодуваат на условите за возење. Поконкретно, се работи на гуми кои би го менувале дизајнот на шарата за да ги подобрат триењето, управувањето и перформансите.

На пример, замислете дека возите на автопат кон парк за возење офроуд. Во идеална ситуација, би возеле на гуми кои ја зголемуваат ефикасноста на потрошувачката на гориво, управливоста и комфорот за време на возењето. При пристигнувањето, шарата на гумите би можела да се смени за да се оптимизира триењето на подлога со земја и кал.

Ова изгледа како научна фантастика, но од Нокијан порачуваат: „Овој начин на истражување може да се рефлектира на потрошувачките производи за десетина години од сега“. Сепак, не е јасно како ваквите гуми би функционирале.

Соини истакнува дека „прилагодливиот капацитет на шарата може значително да ги подобри карактеристиките на гумата“. Тој дури тврди дека Нокијан би можеле да имаат сериска гума „која може да реагира на условите за возење“ до 2035 година.

Времето ќе покаже дали е во право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ