понеделник, 8 декември 2025

Откриен одамна забатален салон на Алфа Ромео, автомобилите стојат неподвижни со децении (ВИДЕО)

Во Белгија постои напуштен салон на Алфа Ромео со возила кој изгледа како замрзнат во времето. Зад зараснатиот двор и валканиот излог сè уште има повеќе автомобили, некои постари повеќе од две децении.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу нив е и алфа ромео 156 ГТА, кој до ден денес го чека сопственикот кој никогаш не го преземал.

Овој интересен локалитет го открил јутјуберот Биардед експлорер, кој влегол во запуштениот објект и ја документирал состојбата.

Покрај посакуваниот 156 ГТА, во салонот се наоѓаат и алфа ромео 166 со V6 Бусо мотор, како и моделите алфета, 75, 33 (вклучувајќи и тркачка верзија), 155, 145, 147, ГТ и 159 спортвагон.

Иако салонот е официјално напуштен, некои автомобили имаат напумпани гуми и чисти ентериери, што сугерира дека некој сепак повремено ги посетува.

Според соседот кој разговарал со јутјуберот, салонот бил затворен откако неговиот сопственик загинал во сообраќајна несреќа, во близина на салонот. Од тогаш, семејството го чува објектот од почит, но не ги продава ни објектот ни возилата.

Салонот денес е тивка временска капсула и сведоштво за една семејна трагедија, но и потенцијален рај за колекционерите, доколку возилата некогаш бидат понудени на продажба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ