Иако популарноста на компактните модели опаѓа, а особено на карваните, Опел не се откажува од таквиот модел. За разлика од фокус на Форд, компактниот модел од Риселсхајм продолжува да живее, во две изданија. Заедно со компактниот модел, ќе се нуди и карванот спортс турер.

Големиот фејслифт е забележлив на прв поглед, а својата премиера ќе ја има на почетокот на следната година на Саемот за автомобили во Брисел. Најголемата иновација е предната светлосна лента, која ја сече осветлен знак на производителот.

Иако дополнителните светлосни елементи може да изгледаат како најевтина опција за освежување, самите фарови носат вистински придобивки. Опел воведува подобрена верзија на својата адаптивна технологија без заслепување, со повеќе од 50.000 индивидуални светлечки елементи. Според производителот од Риселсхајм, новиот систем реагира побрзо и поефикасно кога делумно го блокира светлото, за да не ги попречува возачите од спротивната насока.

Покрај тоа, се наведува дека фаровите интелилукс ХД нудат значително подобро осветлување на патот и сега вклучуваат модул за странични светла кој се активира во зависност од аголот на вртење на воланот. ЛЕД елементите автоматски се затемнуваат за да се намали отсјајот од сообраќајните знаци, намалувајќи го одвлекувањето на вниманието на возачот. Подобрените светла се прилагодуваат и на лошите временски услови со намалување на отсјајот на влажни површини.

Внатрешноста е во голема мера задржана, но астра сега има поудобни седишта како стандардна опрема, дури и во основниот пакет. Како што се очекуваше, тапацирот е направен целосно од рециклирани материјали. Масажни седишта со мемориска функција и електропневматска лумбална потпора се достапни по избор.

Во зависност од верзијата, задниот багажен простор на хечбекот може да собере до 1.339 литри багаж кога седиштата се преклопени. Астра спортс турер нуди капацитет за товарење до 1.634 литри. Покрај тоа, потпирачот за грб на задните седишта во компактниот карван може флексибилно да се преклопи во сооднос 40:20:40.
Освежената астра ги задржува моторите со внатрешно согорување и хибридните погони, но Опелl особено ја нагласува подобрената електрична верзија.

Нејзиниот малку поголем пакет батерии, со употреблив капацитет од 58 киловат часови, сега овозможува опсег од 454 километри според ВЛТП, што е зголемување од 34 километри. Отсега, електричната астра може да напојува електрични велосипеди и други надворешни уреди благодарение на функцијата за напојување во возилото В2Л.
Понудата вклучува и нови металик бои, редизајнирани алуминиумски тркала од 17 и 18 инчи и опционален црн покрив.






