понеделник, 14 јули 2025

Новиот суперавтомобил на Де Томасо е љубовно писмо до сите страсни возачи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Изработката траеше прилично долго, но Де Томасо аутомобили конечно го испорача првиот сериски суперавтомобил де томасо П72“, речиси шест години по дебито на оригиналниот концепт. Овој момент го означува завршувањето на едно долго патување и иако можеби траеше подолго од очекуваното, крајниот резултат е несомнено импресивен.

Објавено на

часот

Сподели

П72 што го гледате овде, со кодно име ДТ0001, не припаѓа на ниту еден од 72-та нарачани примероци што ќе следат. Наместо тоа, овој конкретен примерок е „внатрешна единица за спецификација на производството“, изработена за да го прикаже конечниот дизајн, инженерство и квалитетот на изработката на суперавтомобилот во лимитирана серија. Ако се надевате дека ќе си купите еден, ќе мора да си го причекате редот, но барем знаете што добивате.

Поклон кон минатото, со модерен шмек

Дизајнот на П72 останува речиси идентичен со концептот што ги воодушеви толпите на Фестивалот на брзината во Гудвуд во 2019 година. Суперавтомобилот ја задржува својата ниска силуета, извајани линии и ретро-инспириран стил што првпат ја освои имагинацијата на ентузијастите. Најзабележителните разлики од концептот се суптилни: функционални отвори на прозорците и редизајниран заден дифузер што треба да ја подобри аеродинамиката (или барем да го направи да изгледа побрзо кога е паркиран).

П72 се рекламира и како духовен наследник на де томасо П70 од 1965 година, тркачки автомобил дизајниран од Алехандро Де Томасо и Керол Шелби. Иако можеби води потекло од П70, многу набљудувачи ја истакнаа неговата сличност со култните италијански модели од минатото, како ферари 330 П3 од 1966 година и познатата алфа ромео 33 страдале од 1967 година.

Персонализирајте до максимум, само не барајте екрани

П72 нуди многу начини да го направите свој. Можете да изберете од бои инспирирани од минатото, надворешен дел со гол карбон или разновидни рачно шиени кожни и машински обработени метални детали во кабината.

Конкретниот примерок има бел надворешен дел со бакарни акценти и соодветни бакарни тркала кои веројатно чинат повеќе од автомобилите на повеќето луѓе. Внатре, комбинацијата од кремаста кожа, бакарни акценти и малку карбонски влакна сугерира дека Де Томасо не се стреми само кон автомобил со високи перформанси, туку и кон емотивно уметничко дело.

И во интересен (или можеби носталгичен) пресврт, ентериерот го избегнува искушението на екраните на допир. Наместо тоа, ќе најдете аналогни мерачи и ротирачки прекинувачи за контрола, докажувајќи дека некои производители сè уште веруваат во тактилното задоволство на вртењето копче, наместо притискање на екран.

Американски V8 мотор со турбина и карбонска шасија

За разлика од концептниот модел, кој го имаше V12 моторот од аполо интенса емоционе, серискиот де томасо П72 е погонуван од 5,0-литарски V8 мотор со турбокомпресор, земен од Форд. Развиен во партнерство со Рауш, моторот има уникатни ковани внатрешни делови и дизајн на капакот инспириран од 60-тите.

Моторот произведува респектабилни 700 коњски сили и има 820 њутнметри вртежен момент. Моќта се испраќа до задните тркала исклучиво преку шестстепен мануелен менувач со краток од, што е уште една добредојдена промена од морето од автоматиџи со кои се мачи светот на суперавтомобилите денес.

Во истиот дух,Де Томасо исто така одлучи да ја прескокне модерната опсесија со бесконечните режими на возење. Наместо тоа, сè е во едноставноста, со акцент на суровите, нефилтрирани перформанси. П72 е поставен на шасија од карбонски влакна со централен монокок и оптимален баланс на тежината што ветува чисто, аналогно искуство при возењето.

Додадете ја спортската суспензија и рачно нагодливите амортизери, и добивате супер автомобил кој е подеднакво посветен на чувството на патот колку и на брзината.

Испораките ќе започнат подоцна оваа година

По годините развој, Де Томасо планира да почне со испораките на П72 кон крајот на 2025 година, една година подоцна од првично објавеното. Цената сè уште не е потврдена, но се проценува на околу 1,6 милиони евра. Иако тоа секако се многу пари за автомобил, можете да се утешите знаејќи дека е ексклузивен до бесвест.

Што се однесува до де томасо П900, кој е наменет само за тркачката патека, кој беше претставен во 2022 година со сериско производство од само 18 примероци и цена од 3 милиони долари, компанијата не кажува ништо за неговиот статус. Можеби научиле дека не треба сè да се каже на глас, особено кога станува збор за автомобили што повеќето од нас никогаш нема да можат да ги видат, а камоли да ги возат.

Норман Чои, извршен директор на Де Томасо аутомобили, вели: „П72 е нашето ветување дека достојно ќе ја оживееме историската марка. Ова прво сериско возило го отелотворува сè она за што се залагаме: механичка душа, безвременска убавина и возачко доживување што се издига над модерните стандарди. Тоа е нашето ехо низ времето – сега преточено во реалност.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ