вторник, 24 март 2026

Новиот порше макан пристигна во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во автентичниот амбиент на барот Интермецо, Порше центар Скопје и Порше Македонија официјално го претставија новиот модел на порше макан. Настанот ги обедини врвниот германски инженеринг и софистицираната градска забава, означувајќи нова ера за овој популарен кросовер, наведуваат од компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот макан, кој поставува нови стандарди во својата класа со својот прогресивен дизајн и импресивна динамика, беше главната ѕвезда на вечерта. Присутните гости имаа ексклузивна можност одблизу да ги погледнат иновациите кои го прават овој модел симбол на спортскиот дух во секојдневното возење.

За енергијата на подиумот и совршената атмосфера се погрижи светски познатото диџеј дуо Местиза. Нивниот препознатлив микс на електронска музика со традиционални шпански фламенго елементи беше совршен одраз на карактерот на новиот макан – спој на традицијата на марката Порше со модерната, возбудлива иднина.

„Макан отсекогаш бил омилен избор на нашите клиенти во Скопје, а овој нов модел го подигнува нивото уште повисоко. Сакавме оваа промоција да биде повеќе од обично претставување – сакавме да создадеме искуство кое ги буди сите сетила,“ порачаа од Порше центар Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ