среда, 1 април 2026

Новиот мерцедес-мајбах С-класа го задржува V12 моторот, но не и во Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германскиот произведувач претстави подобрена верзија на седанот мерцедес-мајбах С-класа, која носи уште поголем луксуз, но и значајни промени кога станува збор за моторите.

Објавено на

часот

Сподели

Редизајнираниот модел доби поголема решетка на ладилникот (за 20 отсто), осветлени амблеми и дополнителни мајбах детали.

Нови светлосни потписи се гледаат и во фаровите и задните светла, додека проекцијата на логото дополнително ја нагласува ексклузивноста.

Мерцедес нуди повеќе од 400 комбинации на бои во ентериерот, вклучувајќи нови двобојни варијанти.

Исто така, има и инструмент табла со три екрани – централниот е од 14,4 инчи, додека инструмент таблата и екранот за совозачот се по 12,3 инчи. Таблети се достапни и на задниот дел за патниците.

Удобноста е дополнително подобрена со подобра звучна изолација и нова воздушна амортизација.

Најголемата вест е дека верзијата V12 од С680 со 630 коњски сили останува во понудата, но само на одредени пазари како САД.

Во Европа и регионите со построги еколошки прописи, моделот С680 ќе користи V8 мотор со 612 КС.

Во понудата останува и плагин хибридот со вкупно 585 КС и радиус на струја од околу 100 км, додека моделот С580 сега развива 537 КС.

Продажбата во Европа ќе почне кон крајот на март, додека пристигнувањето на американскиот пазар се очекува во втората половина од годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ