среда, 7 мај 2025

Новиот хибриден 911 турбо С на Порше е исклучително тивок и безобразно брз (ВИДЕО)

Порше во моментов го тестира освежениот 911 турбо С од генерацијата 992.2, и неколку недели откако беше тајно фотографиран на Нирбургринг, сега е објавена снимка како вози на германската тркачка патека. Како и неговите претходници, ќе звучи нешто како правосмукалка, но ќе нуди перформанси во најмала рака еднакви на некои од најдобрите суперавтомобили на пазарот.

Објавено на

часот

Сподели

Новото семејство 911 турбо во последните години е толку усовршено, што Порше може едноставно да стави нови браници на претходната генерација и да го нарече фејслифт. Меѓутоа, компанијата од Штутгарт не работи така. Наместо тоа, по фејслифтот 911 турбо С ќе биде поблиску до сосема нова генерација благодарение на хибридниот погон.

Иако сè уште не може да се дознае што се случува под лимот на овој прототип, на задниот дел има жолта спортска лепенка која покажува дека станува збор за хибрид. Ова може да не им се допадне на некои 911 конзервативци, но е добра вест за сите кои сакаат турбо С да стане уште подобра спортска алатка.

Актуелниот модел има 3,7-литарски битурбо шестцилиндерски боксер мотор со 640 коњски сили во врвната турбо С изведба. Како и кај новиот 911 ГТС, турбо С од генерацијата 992.2 ќе има транзиција кон хибрид со мал електромотор интегриран во осумбрзинскиот менувач со двојна спојка. Овој мотор му додава 54 коњски сили на ГТС, а слично нешто може да се очекува и кај турбо С. Тоа значи дека релативно питомиот 911 изглед ќе крие над 700 коњски сили, повеќе од мекларен артура, на пример.

На снимката може да се види тестирањето на сета таа нова сила. На тркачката патека, турбо С можеби не може да му се спротивстави на тркачкиот ГТ3, но на патиштата, лесно може да победи кој било од актуелните ГТ модели на Порше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ