петок, 30 мај 2025

Новиот автомобил на полицијата на Дубаи е ролс-ројс од речиси 700.000 евра (ФОТО)

Луксузните автомобили на полицијата на Дубаи имаат речиси митски статус на интернет, и тие тукушто ја збогатија флотата со уште еден екстравагантен додаток. Иако полицијата на Дубаи често се поврзува со нивната флота суперавтомобили, нивната најнова играчка е нешто порафинирано. Станува збор за ролс-ројс калинан дотеран од врвните инженерски умови на Мансори тјунинг.

Објавено на

часот

Сподели

Властите на Дубаи го покажаа новиот полициски луксузен кросовер во Дубаи светскиот трговски центар, во присуство на неколку полициски претставници. Нема најава за што ќе се користи новиот ролс-ројс, но со него сигурно нема да се бркаат криминалци. Во полициското соопштение се истакнува дека новиот автомобил ќе го засили имиџот на полицијата на клучните туристички дестинации, вклучувајќи ја кулата Бурџ калифа и булеварот Шеик Мохамед бин Рашид.

Како и другите автомобили на полицијата на Дубаи, калинан е во бело зелена комбинација. Ова е вториот модел преправен од Мансори чии клучеви ги добиваат полицајците на богатиот град, а претходниот е мерцедес-бенц Г63, ревидиран од славниот германски тјунер.

Под хаубата се наоѓа 6,76-литарскиот V12 мотор со 610 коњски сили (фабричката верзија има 563). Со цена од 685.000 евра, нема сомнеж дека полицијата на Дубаи го сфаќа својот имиџ многу сериозно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ