сабота, 13 декември 2025

Напуштен салон на БМВ во Шпанија е заборавен ковчег со автомобилско богатство (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Екипата од јутјуб каналот М539 ресторејшнс го посетиле магацинот и снимиле видео кое трае над еден час.

Повеќето автомобили се толку прекриени со прашина што не може да се познае бојата. На пример, има убаво зелено БМВ 318и Е30 кое седи таму од 2008 година и е непрепознатливо поради талогот насобран низ годините. Веднаш до него има Е30 325и кабриолет со само 25.929 километри откако излегло од фабриката. Има и БМВ 850и Е31 со V12 мотор.

Главната ѕвезда на колекцијата е БМВ М5 Е28, скриен зад кутии со делови. Дедото на сите супер седани, М5 создаде вистинска страст по брзите седани со четири врати, што се гледа до ден денес, и бил најбрзиот сериски седан во светот кога се појавил со 286 коњски сили од 3,5-литарскиот шестцилиндерски мотор.

Германија не е единствената земја со свои автомобилски претставници во колекцијата – има две Италијаки, ланча гама и алфа ромео ГТВ6, повеќе мотоцикли, сеат 131, НСУ, ситроен мехари и џип чироки.

[video:https://youtu.be/SFJl9Bw0V4A autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ