сабота, 13 декември 2025

Може ли француската легенда со само 30КС да стане класика? (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од серијалот на Карфекшн за автомобили кои треба да добијат на вредност во 2022, се обидуваат да го одговорат прашање дали рено 4 е добар за возење, а не само за инвестирање во него.

Рено произведе фантастични 8 милиони „четворки“ за време на долгиот век на моделот. Тој беше добро прифатен на меѓународниот пазар па дури и се тркаше во Париз-Дакар релито. И, и покрај тоа што има само 30 коњски сили, всушност е прилично забавен за возење.

Автомобилот се наведнува во свиоците, рачката на менувачот шртчи од инструмент таблата, очигледно не е многу издржлив бидејќи нема многу преживеани примероци, но сепак е прекрасен. Тајната може да е во тоа што тежи меѓу 600 и 750 килограми (во зависност од годината и опремата), па малата сила и не толкав проблем колку што изгледа. Тука е и едноставноста на целиот автомобил и кога ќе соберете сè добивате многу шармантен автомобил.

[video:https://youtu.be/D_5LIvJa0j8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ