Ваквите возила остануваат целосно функционални пет децении откако излегле од фабриката во 70-тите, автомобилите биле направени да траат многу повеќе од денешните кратки производни циклуси, некогаш надживувајќи ги оригиналните сопственици.
Моделот на фотографиите е мерцедес-бенц W114 230.6 произведуван од 1973 до 1976 година. Дизајнот е класичен седан со четири врати дијазниран од Пол Брак со вертикални предни светла, познатата предна маска, и изобилство од хром.
Според полскиот сајт, автомобилот останал во сопственост на едно семејство сите тие години, што ја објаснува беспрекорната состојба. Поминал 145.000 километри откако излегол од салонот во 70-тите со стотици страници детална сервисна историја и документација за одржувањето.
Иако се сугерира дека на автомобилот му е „потребно внимание“, како полирање и хемиско чистење на кабината, состојбата е одлична имајќи ги предвид годините и километрите. Нема дамки, вдлабнатини или гребнатини на надворешноста и хромот свети како нов.
Како што покажува ознаката 230 на задниот дел, под хаубата има 2,3-литарски шестцилиндерски бензински мотор со автоматски менувач и погон на задните тркала. Мотор кој ја има докажано својата долговечност со илјадници и илјадници километри во возила кои беа користени како такси низ целиот свет.
Седанот W115 е дедото на Е-класата на Мерцедес. Исто како наследникот W123, познат е по издржливоста со многу од 1,9 милиони произведени примероци сè уште функционални ден денес. Цената на овој примерок не се знае, но гарантираме дека ќе му биде сакан миленик на новиот газда уште многу години.






