Хамилтон ова го откри за време на разговор со новинарите за време на неодамнешната трка во Австралија. Не кажа дали ферари го одобриле неговиот план, но ако веќе јавно зборува за него, јасно е дека разговарал со својот нов шеф за проектот.
„Едно од нештата што навистина сакам да ги направам е да дизајнирам модел на Ферари“, кажа Хамилтон. „Сакам да дизајнирам Ф44. Основата би била Ф40 со вистински рачен менувач. На тоа ќе работам во следните неколку години“.
Амбициите на возачот одат рака под рака со последните гласини дека Ферари би можеле да го воскреснат моделот Ф40. Во ноември Топ гиар јави дека неименувани извори кажале дека модернизиран Ф40 може да биде додаден во ограничената ергела Икона на италијанската марка. Може да следи по Монца СП1 и СП2 и Дејтона СП3, и да влече инспирација за дизајнот од последниот автомобил лично одобрен од Енцо Ферари.
Нормално, оживувањето на таков автомобил неизбежно ќе предизвика многу контроверзии ако не е направено како што треба, а Ферари мора да обезбеди дека ќе ги следи стапките на славниот претходник.
Меѓутоа, ако Хамилтон лично биле вмешан во проектот, тоа може да биде рецепт за успех. Богатите ентузијасти сигурно ќе се наредат да поседуваат автомобил лично дизајниран или развиен од еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Ако автомобилот е модерна инкарнација на Ф40, вклучувајќи рачен менувач, очекуваме Ферари да ја распродаде целата серија за неколку секунди.