сабота, 13 декември 2025

Лада нива Зубр монстер: кога ќе се здружат Русинот и Германецот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Бидејќи лада нива е поставена на механичка платформа идеална за модификации, „чудовиштето“ на Зубр изгледа како сосема природна надградба и нешто што би можело да влезе во сериско производство.

Германците на рускиот теренец му ја кренаа амортизацијата за дури 150 милиметри, и вградија поголеми теренски тркала со дебели гуми, па добија дури 235 милиметри поголемо растојание од тлото од оригиналот.

Дека монстер е спремен за екстремни услови за возење открива и вградениот „сноркел“, односно издувот над кабината, кој гарантира дека со возилото лесно може да се совлада и длабока водена пречка.

Проширени се и отворите за тркалата, додадени се истакнати пластични браници, на третата врата е ставено резервното тркало за полесен пристап, па лада нива монстер ги има сите карактеристики на екстремен теренец.

Интервенции под хаубата нема, па и оваа нива ја придвижува истиот руски 1,7-литарски атмосферски бензинец со 82 коњски сили со погон на сите тркала.

За екстремно доработениот теренец Зубр бара 44.000 евра, а се нудат и бројни персонализации по желба на купувачите. За испорака се чека околу 12 недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ