недела, 13 јули 2025

Јапонците прават воздушно перниче за мотоцикл, револуција која може да спаси илјадници животи

Јапонски производител објави дека работи на нова технологија на воздушни перничиња која наскоро би можела да стане комерцијално достапна.

Објавено на

часот

Сподели

Со желба да го направи сообраќајот побезбеден за сите учесници, јапонската компанија Тојода Госеи развива воздушно перниче за мотоцикли, користејќи го своето долгогодишно искуство во изработка на безбедносни системи за автомобили.

Компанијата неодамна спровела интерен „креш тест“ со вистински возила, а резултатите од тој тест сега се користат за понатамошно усовршување на технологијата за заштита на мотоциклистите.

Воздушното перниче со високи заштитни перформанси, кое може да се постави во ограничениот простор на мотоциклот, е во фаза на развој. Целта е да се обезбеди дополнителна заштита во случај на челен судир – видот на несреќа што најчесто има фатални последици за возачите на две тркала.

За време на најновото тестирање, компанијата анализирала како перничето се активира при судир и колку ефикасно го амортизира ударот за мотоциклистот.

За разлика од возачите и патниците во автомобилите, мотоциклистите немаат заштитна школка околу себе, што значи дека стандардните решенија од автомобилската индустрија не можат едноставно да се пренесат.

Затоа, понатамошниот развој ќе се базира на комбинација од реални тестови и напредни симулации, со цел што е можно попрецизно да се предвиди однесувањето на перничето во различни сообраќајни ситуации.

Со овој проект, Тојода Госеи ја покажува својата посветеност на визијата: „Безбедност за сите што се во движење“.

За разлика од автомобилите, мотоциклите речиси и да не нудат физичка заштита на возачот.

Токму затоа, секоја година околу 360.000 возачи на мотоцикли и трицикли гинат во сообраќајот низ целиот свет, според податоците на Светската здравствена организација од 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ