Достапни исклучиво со кватро погон на сите тркала, овие електрифицирани верзии треба да го понудат најдоброто од двата света – одлична ефикасност без премногу компромис во перформансите.
Основата на новите хибриди е 2,0-литарски четирицилиндерски турбобензинец.
Основниот А5 е-хибрид дава 296 коњски сили, а посилната верзија има 362 коњски сили, што влегува во доменот на ауди С5 со V6 мотор.
Посилниот модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунда, што е само за 0.6 секунди поспоро од С5.
Ауди не објави колкава е масата на возилото, но имајќи предвид дека новиот С5 тежи 1.950 килограми, плагин хибридот е веројатно потежок поради додадените батерии.
Што се однесува до батеријата, новата литиум-јонска единица има енергија од 25,9 киловат часови, што е околу 45 отсто повеќе отколку кај стариот А4 плагин хибрид. Полнењето трае два и пол часа.
Ауди наведува дека А5 лимузината има максимален дострел на струја од 116 км (ВЛТП), а карванот веројатно има нешто помал дострел поради поголемата маса.
Во целосно електричен режим максималната брзина е 140 км/ч, додека со вклучен бензински мотор е ограничена на 250 км/ч.
Се очекува и уште посилен плагин хибрид од Ауди, бидејќи пред речиси шест години беше најавено дека следната генерација на РС4 ќе биде електрифицирана. Имајќи предвид дека А4 сега е укинат, идниот ривал на БМВ М3 туринг ќе се вика РС5 авант.
Логично е да се очекува да има повеќе од 450 коњски сили, колку што даваше твин-турбо 2,9-литарскиот V6 во згаснатиот РС’.