Сето ова се случува во контекст на малиот раст на вкупниот пазар на нови автомобили во Германија, кој во 2025 година се прошири за 1,4 проценти, на вкупно 2.857.591 продадени возила.
Иако водечкото трио остана непроменето, само фолксваген т-рок забележа зголемување на продажбата, и покрај фактот дека беше заменет со нова генерација на крајот од годината. Неспорен лидер сè уште е фолксваген голф, кој повторно ја освои титулата најпродаван модел.
Интересно е што, и покрај силата на Фолксваген и на пазарот на електрични автомобили, ниту еден од овие три бестселери не беше достапен во целосно електрична верзија. Фолксваген се позиционираше и како водечка марка во сегментот на електрични возила, каде што неговиот модел фолксваген ИД7 е најпродаваниот електричен автомобил во земјата.
Голем успех постигна БМВ Икс1, кој се искачи на највисоката позиција на рангирањето досега. За неговата популарност значително придонесе електричната верзија, која сочинуваше повеќе од една третина од продадените единици во Германија.
Опел корса се врати на четвртото место, но забележа послаб продажен резултат. Иако е достапна и како електричен автомобил, помалку од 7.000 клиенти се одлучиле за таа верзија. Шкода октавија, традиционално омилениот модел, исто така забележа пад на продажбата, што резултира со пад од две позиции на рангирањето. Малиот раст на продажбата му овозможи на сеат леон да се искачи за едно место.
По паузата која траеше од 2021 година, на листата на десет најпродавани модели во Германија се вратија премиум претставниците – БМВ серија 5 и аудиi A6. Една петтина од продадените модели на серија 5 на БМВ се електрични, додека кај ауди A6 тој удел изнесува дури повеќе од една третина.
Најпродавани модели во Германија во 2025
- Фолксваген голф 85.023
- Фолксваген т-рок 78.264
- Фолксваген тигуан 63.316
- Опел корса 48.581
- БМВ Икс1 47.143
- Шкода октавија 44.890
- Фолксваген пасат 44.609
- Сеат леон 38.425
- БМВ серија 5 37.643
- Ауди А6 37.505






