вторник, 9 декември 2025

Феномено – најмоќниот и најбрз модел на Ламборгини во историјата (ФОТО+ВИДЕО)

Впечатлив нов модел на Ламборгини влезе во центарот на вниманието. Наречен феноменo, тоа е најновиот ултра редок модел од италијанската марка и ја следи познатата формула: екстремен стил, екстремни перформанси и екстремно ограничен број. Секој примерок од овој луд суперавтомобил ќе чини најмалку 3 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Базиран на моделот ревуелто со V12 мотор, оваа извонредна креација се одликува со темелно преработен дизајн што му дава посебен идентитет во рамките на понудата на Ламборгини.

Од визуелна гледна точка, не можеме да видиме многу поплаки упатени кон италијанската марка. Изгледа токму како што треба да изгледа едно ламборгини: апсолутно лудо. Секако, не е венено, но не е далеку зад него, дели многу малку заедничко со ревуелто, а сепак останува лесно препознатлив како „разбеснет бик“.

Остри линии и уште поостар став

На предната страна, феноменo се одликува со пар остри, аголни фарови и вентилирана хауба со два преголеми отвори за вшмукување воздух. Ламборгини, исто така, изработи и браник по мерка за автомобилот, комплетен со лента во иста боја што се протега по должината на сплитерот.

Феномено е толку неверојатно ниско, а неговите тркала совршено се вклопуваат во лаковите, што речиси изгледа како да е спуштено од фабрика, додавајќи на дивиот изглед.

Секој панел по страните на автомобилот е исто така доработен, а сега има два големи влезови за воздух веднаш зад вратите. На задниот дел, ламборгинито е целосно опремено со капак за моторот од карбонски влакна и целосно нов заден дел. Веднаш го привлекуваат вниманието ЛЕД задните светла во форма на Y и четирите, централни издувни цевки.

Што е со моќноста?

Со оглед на тоа што феномено е базиран на ревуелто, не е изненадување што го има истиот основен V12 хибриден погон. Сепак, направени се неколку значајни измени.

6,5-литарскиот природно аспириран V12 мотор е повторно подесен за да произведува 833 коњски сили, во споредба со оригиналните 814 КС. Поголема литиум-јонска батерија од 7 киловат часови, исто така, се вклучува за да обезбеди дополнителна електрична помош. Вкупно, системот сега испорачува 1.065 КС, зголемување од 64 КС во однос на 1.001 КС на ревулето. Надградената батерија малку го подобрува и дометот само со електрична енергија, зголемувајќи го на 20 километри.

Бројките на перформансите ја одразуваат додадената моќност. Ламборгини вели дека на автомобилот му се потребни само 2,4 секунди за да достигне 100 км/ч, 0,1 секунда побрзо од ревуелто, додека продолжува до истата максимална брзина од 350 км/ч.

Ексклузивен дизајн

Внатре, феномено не се разликува многу од својот автомобил-донатор. Внатрешноста го задржува истиот волан, лебдечки централен дисплеј, дигитална контролна табла и екран од страната на совозачот од ревуелто. Иако нема големи промени во кабината, купувачите на ваков автомобил веројатно нема да бараат новина во инфозабавниот систем.

Светското производство на феномено ќе биде ограничено на само 29 примероци, а секоја, според извештаите, ќе чини од околу 3 милиони евра (околу 3,5 милиони долари). Тоа е под претпоставка да имате среќа некој да ви го понуди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ