Европската унија долго време подготвува план за отстранување на милиони стари дизел возила од патиштата со цел да се заштити животната средина и да се намалат сообраќајките.
Сега тие смислиле конкретни мерки: ќе се тестира не само присуството на ДП филтерот, туку и неговата ефикасност, што ќе открие дали филтерот е оштетен, деактивиран или едноставно не функционира.
На мета се пред сè автомобилите со Еуро 4 и Еуро 5 стандардот, произведени помеѓу 2009 и 2015 година.
Сопствениците на овие возила често, поради високите трошоци за поправка, одлучувале да го отстранат филтерот. Имајќи предвид дека емисиите на штетните честички повеќе не можат лесно да се сокријат, новиот протокол за тестирање веќе се спроведува во Германија, Белгија, Швајцарија и Холандија.
Новиот тест вклучува мерење на бројот на честички во мирување во траење од 30 секунди и јасно покажува дали филтерот работи. Ако се отстрани или ако е деактивиран ЕГР вентилот – сопствениците ќе имаат сериозен проблем на техничкиот преглед.
Проценките велат дека ваквите тестови би можеле да испратат стотици илјади автомобили на отпад, што значи огромен финансиски удар за сопствениците на стари возила.
И додека дизелашите се под директен напад, ни бензинците не се безбедни – особено оние со директно вбризгување, бидејќи и за нив има сомнеж дека имаат висока емисија на честички. Некои земји веќе тестираат слични методи и за овие мотори.
Затоа, ако планирате да купите автомобил – подгответе се. Новите технички прописи наскоро би можеле да ги принудат Европејците да преминат на поново возило, хибриден или електричен автомобил, а поголемиот дел од старите дизелаши речиси сигурно ќе се упатат навака.