понеделник, 8 декември 2025

Електричните автомобили се климатски поприфатливи од бензинците, но дури по две години користење

Електричните автомобили стануваат климатски поприфатливи од бензинците многу побрзо отколку што се претходно се мислеше – и по само две години употреба. Ова е клучниот заклучок на најновата студија спроведена од истражувачки тим од приватниот универзитет Дјук во Северна Каролина, пишува германски Аутобилд.

Објавено на

часот

Сподели

Во нивната проценка, научниците ги вклучиле сите емисии на јаглерод диоксид кои се создаваат за време на животниот циклус на возилото. Овој пристап, познат како „Од извор до тркало“ (From Well to Wheel), ја вклучува потрошувачка на енергија за производство на возила и батерии, но исто така и за вадењето на нафтата и производство на бензин. Студијата дури го зема предвид и климатското оптоварување предизвикано од рударството и преработката на минералите потребни за производство на батериите за новите електрични автомобили.

Не е изненадување што електричните автомобили на почетокот на својот животен век имаат полош баланс на јаглерод диоксид. Причината за ова е енергетски интензивното производство на батеријата, што го создава она што експертите пригодно го нарекуваат „CO₂ багаж“. Поради ова почетно оптоварување, електричните возила го започнуваат своето патување со приближно 30 проценти полош баланс на климата во споредба со бензинските возила.

Сепак, тој „багаж“ станува полесен со секој изминат километар. Штом почне да вози електричниот автомобил, благодарение на неговата мобилност речиси без емисии, почнува да го намалува почетното заостанување. Студијата покажала дека по само две години употреба, тој „CO₂ багаж“ бил целосно испразнет.

Од третата година па натаму, електричниот автомобил несомнено станува поприфатливо решение за климата од возило со мотор со внатрешно согорување, гледајќи го целокупниот еколошки баланс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ