сабота, 12 јули 2025

Еден од овие модели на Ланча е навистина брз, другиот само глуми (ФОТО)

Повеќе од една година откако првпат беше претставена дигитално, долго чеканата ланча ипсилон ХФ пристигна и на асфалтот.

Објавено на

часот

Сподели

За оние кои сакаат спортски изглед, но без висока цена (или коњски сили), тука е и верзијата ХФ лајн, „полесна“ алтернатива достапна во хибридни и електрични варијанти. Ги задржува повеќето визуелни карактеристики, но без механичките надградби.

Вистинската ХФ верзија е опремена со еден електричен мотор со 280 коњски сили (207 киловати) и вртежен момент од 345 њутнметри, што ја става рамо до рамо со другите спортски електрични модели на групацијата Стелантис, како што се абарт 600e, алфа ромео јуниор велоче, идниот опел мока ГСЕ и пежо 208 ГТИ.

Со помош на торсен диференцијалот со ограничено пролизгување на предната оска, ипсилон ХФ забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,6 секунди. Иако е брз за својата класа, максималната брзина е ограничена на 180 км/ч. Енергијата ја црпи од батерии од 54 киловат часови, кои според ВЛТП стандардот овозможуваат опсег од 370 километри помеѓу полнења.

Шасијата е зајакната, геометријата на суспензијата е променета, а каросеријата е спуштена за 20 милиметри во споредба со стандардниот ипсилон. Ширината на тркалата е зголемена за 30 милиметри напред и назад. Сопирачките се надградени со четириклипни клешти и дискови од 355 милиметри напред.

Визуелно, ипсилон ХФ се издвојува со својот спортски каросериски кит и уникатните 18-инчни тркала. Во споредба со стандардниот модел, има редизајнирани браници со поголеми отвори за воздух, пошироки браници со аеродинамични проширувања зад предните тркала, заден дифузер и познатата значка на ХФ со црвен слон.

Внатре има сина контролна табла, алуминиумски педали, спортски седишта покриени со рециклиран еконил и многу ознаки ХФ. Стандардната опрема вклучува два екрани од 10,25 инчи со посебна графика, безжично полнење, амбиентално осветлување и систем за помош на возачот од второ ниво. Тука е и необичната „мултинаменска конзола“ по која е познат ипсилон.

Доколку вистинскиот ХФ е прескап или не ви е потребна толкава моќност, ХФ лајн нуди слично визуелно искуство по значително пониска цена. Има исти браници и ХФ ознаки, но му недостасуваат проширените браници и „носи“ 17-инчни тркала. Сепак изгледа агресивно, но во малку поблага верзија.

Иако изгледа спортски, ХФ лајн нема никакви механички или подобрувања на шасијата. Достапен е со мајлд хибрид, 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор со 109 коњски сили или како стандардна електрична верзија. Во верзијата со мотор со внатрешпно согорување, забрзува од 0 до 100 км/ч за 9,3 секунди, што е за 3,4 секунди побавно од ХФ, но има поголема максимална брзина – 190 км/ч.

Ипсилон ХФ ќе пристигне во европските салони по летото, додека ХФ лајн веќе може да се нарача. Во Италија, целосно електричниот ипсилон ХФ почнува од 39.200 евра, што го прави најскапиот ипсилон во историјата. ХФ лајн со мајлд хибрид започнува од 22.450 евра, што е многу поприфатливо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ