среда, 10 декември 2025

Дастер од 50.000 евра – евтиниот романски теренец претворен во мафијашки кросовер (ФОТО)

Само во 2024 година во Европа се регистрирани 215.024 нови примероци на моделот дастер на Дачија, со што овој евтин теренец е еден од најпродаваните автомобили меѓу приватните сопственици.

Објавено на

часот

Сподели

Причината за тоа е што нема директна конкуренција. Дастерот е исклучително поволен (во Германија стартува од 18.990 евра), а се нуди и во верзија со погон на сите четири тркала (од 25.690 евра), односно како вистински теренец, пишува германски Аутобилд.

Највисокиот пакет на опрема „екстрим“ (од 18.890 евра) има украсни детали однадвор и практични функции како автоматска клима, греен волан и паркинг сензори.

Сепак, кога станува збор за надворешниот изглед, секогаш може поектремно. Фирмата Карпоинт од Северна Рајна Вестфалија развива две верзии – една „спортска“ и една авантуристичка.

Спортската, односно спуштената верзија – редаст спорт – веќе може да се купи по цена од дури 52.990 евра.

Речиси сè е изменето: ентериерот, 20-инчните тркала, отвор на хаубата, странични лајсни, спојлер, амортизерите и издувниот систем, само моторот останува стандарден, со 140 коњски сили. Каросеријата доби впечатлива портокалова боја.

Германскиот тјунер веќе работи на следниот проект – редаст офроуд.

Дастерот е веќе докажан по своите теренски способности, а сега добива и соодветен изглед. Засега има многу малку информации, но првата фотографија го прикажува со сериозни теренски гуми, масивна заштитна шипка на предниот дел, повишена суспензија и отвор за воздух на хаубата.

Тука е и кровниот носач со дополнителни светла.

Цената и датумот на почетокот на продажбата на оваа верзија сè уште не се познати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ