понеделник, 14 јули 2025

Дали може да се испечати автомобил на 3Д печатач?

Поставена на шасија на Мазда, оваа 3Д печатена реплика ни дава претстава за тоа како ќе изгледа иднината на склопувањето уникатни автомобили.

Објавено на

часот

Сподели

Оригиналните примероци на јагуар Д-тајп се оние автомобили кои ги креваат цените на аукциските куќи на ниво на цената на луксузна јахта – цена со седум бројки во американски долари, ништо страшно. Но, што ако сакате еден, а немате толку многу пари?

Па, очигледно, ќе си испечатите еден на 3Д принтер, под услов да имате шасија на која ќе го ставите. Тоа е она што го прави еден генијален ентузијаст за замени на каросерии, а печати еден ои еден 3Д панел.

Скот Вудард толку многу сака да составува автомобили што не можеч да се воздржи да им покаже на другите на што работи. Во група на социјалната мрежа Фејсбук посветена на автомобилски каросерии, тој објави за својата нова реплика на јагуар Д-тајп на 3Д печатач. Точно, сите панели на каросеријата што ги гледате тука започнале како купче пластика.

Зборуваме за прифатлив начин за склопување автомобил, без напорниот и скап дел на наоѓање и средување на каросеријата.

За 3Д печатењето, Вудард користи печатач нептун 4 плус, кој има простор за пеќатење од 320x320x385 mm³ . Секој панел е едвај поголем од еден квадратен метар.

Кој е најтешкиот дел од конструкцијата досега? Според Вудард, „Сè беше предизвик. Ова е отприлика третото нешто што го печатам на 3Д печатач, а го имав мојот печатач само неколку месеци пред да одлучам да го започнам овој проект. Часовите поминати во истражување и размислување се единствените работи што ми дадоа самодоверба да се зафатам со нешто толку непознато.“

Но на Вудард ова ова не му е прв обид. Тој неодамна завршил, а потоа продал целосно завршен уникатен карман гиа. Она што повеќето не го знаат гледајќи го е дека шасијата и погонскиот систем се од модерен мерцедес бенц СЛК.

Како се разликува ставањето каросерија од еден автомобил на шасијата на друг автомобил од она што тој го прави сега со 3Д печатениот јагуар? Вудард вели дека „На некој начин, тие се слични бидејќи сепак треба да сечете и поместувате работи на ист начин како што јас го правев тоа на челичната школка на карман гиа. Предноста е што ги знаев повеќето од моите мерки пред да го започнам овој проект.“

Ова го најкул моментот за остатокот од автомобилската заедница која го чита текстот.

Мајсторлакот нема да остане само во умот на Вудард. „Навистина сум возбуден бидејќи мислам дека смислив нов метод за зголемување на јачината на пластиките АБС и АСА за печатење, што веројатно ќе им помогне на многу луѓе со нивните проекти, како што се спојлери, китови за каросерии и тврди покриви. Правам видео за тоа и ќе го објавам на Јутјуб“, вели тој.

Подгответе се за нова ера на склопување автомобили. Иднината доаѓа брзо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ