среда, 10 декември 2025

Чешка е првата земја од ЕУ која ја крева брзината на автопатите на 150 км/ч

Чешка влегува во историјата како прва земја од Европската Унија која воведува пробно зголемување на најголемата дозволена брзина на автопатиштата, од досегашните 140 на 150 километри на час.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На дел од автопатот Д3 од Прага кон Линц веќе се поставени електронски сообраќајни знаци, а пилот проектот официјално почнува на крајот на септември.

Станува збор за 50 километри долга делница меѓу местата Табор и Ческе Буѓејовице, која е опремена со нови сообраќајни ознаки со променливи ограничувања.

Иако сообраќајот сè уште не е целосно пуштен, чешката управа за патишта и автопати најави дека тестирањето ќе почне набрзо.

За разлика од Германија, каде на многу автопати брзината е неограничена, Чешка до сега ја применуваше стандардната граница од 130 км/ч.

Новиот систем ќе овозможи возење до 150 км/ч само кога тоа го дозволуваат временските услови и состојбата на сообраќајот. Ако врне дожд, снег или има голомразица, ограничувањето автоматски ќе се намали за 20 км/ч.

Во реализацијата на проектот се инвестирани 2,2 милиони евра, за време на кој беа поставени 42 „динамични“ сообраќајни знаци. Властите планираат да го прошират овој режим на други делници, вклучувајќи го автопатот Д1 кон Острава и Д11 во близина на градот Храдец Кралове.

Слични решенија веќе се испробани во соседните земји. Помеѓу 2018 и 2020 година, Австрија го зголеми ограничувањето на брзината на 140 км/ч на делницата од автопатот А1 помеѓу Виена и Салцбург.

Сепак, експериментот беше прекинат поради загриженост за емисиите на јаглерод диоксид, а на некои делници брзината подоцна беше дополнително намалена на 100 км/ч поради законот за заштита на воздухот.

Интересно е и тоа што во 2020 година, Холандија воведе дневно ограничување од 100 км/ч, додека ноќе беше дозволено возење со 130 км/ч.

Сепак, од април 2025 година, повторно е дозволено побрзо возење во текот на денот на неколку клучни патишта, вклучувајќи ги автопатите А5 и А7 кон Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ