среда, 7 мај 2025

Босе сафари ландау – соработката на Лада и Порше за која не сте слушнале (ФОТО+ВИДЕО)

Овој уникатен автомобил нема да победи на натпревар за убавина и основата му е лада самара, но може да се пофали со педигрето.

Објавено на

часот

Сподели

Лада не е марка на која помислувате кога станува збор за луксуз и квалитет, но овој конкретен модел е нешто сосема поинакво. Произведен во Западна Германија, автомобилот е резултат на соработка на повеќе компании, и е бизарна мешавина од 2+2, кабриолет и пикап.

Босе бил мал произведувач на каросерии во Германија. Од малиот компактен автомобил лада самара го направил ова што го гледате тука, сафари. Пред да ги добијат автомобилите, Порше веќе учествувале во развојот на моделот, односно во развојот на моторот, погонот, како и во целосниот дизајн. Токму така, автомобилот е „роднина“ на култни автомобили како мерцедес-бенц Е500 и ауди РС2 авант.

„Резултатот бил автомобил кој е многу понапреден од сè што Лада произведувала во тоа време“, велат од Алфакарс од американски Масачусетс, одговорни за продажбата. Овој конкретен примерок е еден од најзачуваните. Бојата е оригинална, како и ознаките. Воланот сè уште ја има оригиналната Босе значка, а инструмент таблата не е деформирана како кај толку многу автомобили од тоа време.

Ако погледнете поубаво, во дизајнот на автомобилот има логика. Предните седишта имаат подвижен сончев покрив. Зад нив има церада која се отстранува со неколку копчиња и патенти. Одзади има мал и плиток простор, кој не собира многу багаж. Сепак, под него, има длабок и голем багажник кој би ги задоволил вообичаените потреби.

Кабината е прилично едноставна: три педали и менувач се задолжени за движењето, а физички копчиња за сите останати функции. Тапацирите се исто така во речиси совршена состојба, благодарение на тоа што има поминато само околу 10.600 километри.

Алфакарс истакнува дека многу делови лесно може да се најдат бидејќи лада самара се произведуваше до неодамна. Можеби нема да ги најдете во локален дуќан за делови, но сигурно ги има на интернет.

Моменталната цена на автомобилот е 28.995 долари, што звучи многу за непознат модел од советско потекло, но не за волку чудна и уникатна играчка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ